Лекување на нападнато дрво

Ако веќе сте употребиле заразено дрво, или ако не сте го добро заштителе, или ако поради лоша конструкциска заштита се задржувала во него вода, а редовно не сте ја обновувале заштитата, тогаш сте создале поволни услови во дрвото да се населат дрвни штетници.

Тоа се, најчесто, или дрвни габички што се појавуваат кај влажно дрво, или дрвни инсекти. Штетниците, најчесто, се населуваат на грбната страна на ѕидни и подни облоги или на дрво на тавански конструкции. Дека дрвото е нападнато од инсекти, најчесто, дознаваме од малите површински дупчињао, по купчињата изгрицкано дрво или ги слушаме. За успешна заштита на веќе нападнато дрво најнапред треба да се утврди видот на штетниците и обемот на нападнатото дрво. Потоа ќе изберете средство за уништување на дрвните штетници. Средствата навлегуваат длабоко во дрвото и ги уништуваат дрвните штетници.Кога ќе го премачкате дрвото уште со еден од декоративните премази што истовремено се и временска заштита и не содржат биоциди, создавате по површината на дрвото преграден филм што спречува контакт на корисникот со површината што е заштитена со биоциди. Со тоа постигнувате биоцидите да дејствуваат таму каде што е потребно. Кога работите придржувајте се кон упатството што е на пакувањето на производот.

Работната постапка треба да се одвива на отворен простор или во внатрешна просторија што добро се проветрува. Во основа, не е препорачливо да се работи со средства што се наменети за лекување на веќе нападнато дрво во внатрешни простории, освен за помали површини (на пр., рамки на прозорци, врати) и во влажни простории што не се наменети за подолго престојување на луѓе (визби, бањи).

Уништување на зелени алги
Уништување на дрвни инсекти


Уништување на зелени алги

Зелените алги се чест проблем што се појавува на дрвото, на фасади, камен, или на други минерални површини.

Обично се појавуваат на оние елементи што поретко се огреани од сонце (северна страна).

При уништување на зелените алги е особено ефикасен производот на Белинка Algid, што се употребува многу едноставно. Брзо ги отстранува зелените алги и спречува да се појават повторно.

img1469[1]
img1470[1]
img1471[1]


Уништување на дрвни инсекти

За уништување на дрвните инсекти ги развивме во Белинка биоцидните средства Fentin и Belocid.

Fentin ефикасно средство за уништување на инсекти во мебел и во старини, во различни дрвени предмети, дури и во градежна столарија и во паркет, кога е нападнат од инсекти во помала мера.

За дрво што е нападнато во поголема мера, или ако е заразено од габички што предизвикуваат гниење, употребете Belocid.

img1474[1]
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
img1472[1]
img1473[1]
img1475[1]
img1476[1]
img1477[1]