Како се чисти орудието? Откога ќе ја завршите работата орудието ќе го исчистите едноставно и брзо соупотреба на правилни средства. Важно е што побрзо да го исчистите орудието, по можност веднаш по завршување на работата. Премазите може да се поделат во две групи, во зависност од растворувачот што го содржат. Разликоваме група што содржи органски растворувачи (во неа спаѓаат и Belles, Belton, Beltop uv plus). По премачување со тој вид на премази, орудието се чисти со white шпиритус или со разредувач за алкидни премази. Орудието што било употребено при работа со водни премази (во оваа група спаѓаат производите на Белинка Impregnant, Interier, Exterier) едноставно измијте го со вода и детергент.