АБЦ заштита на дрвото

Под АБЦ заштита на дрвото ќе најдете цел куп информации за заштита на дрвото.

Од објаснување на изразот што е боја, што премаз, лак или намаз, се` до информации за дрвото, што е импрегнација и што се биоциди.

Прочитајте што се површински бои, лазури и покривни бои или емајли и какви се разликите меѓу нив. Ќе дознаете дека за заштита на дрвото се потребни и импрегнација, но и површински премаз, ќе дознаете и зошто немаме во Белинка универзални производи (2 во 1).

Боја, премаз, лак или намаз
За дрвото на кусо
Што е импрегнација?
Кои се разликите меѓу импрегнациите на Belles, Impregnant и Belbor fix?
Што се биоциди?
Што се површински премази?
Што се лазури?
Начин на посветлување со illumina
Што се покривни бои или емајли?
И тогаш што да се употреби – импрегнација или површински премаз?
Зарем немате универзални производи (2 во 1), во кои се додадени биоциди и во површинскиот премаз?
Разлики меѓу Belton и Beltop


Боја, премаз, лак или намаз

Најнапред треба да ви ги објасиме основните изрази за производите што се употребуваат на подрачјето на бои и лакови.

Боја“ е најопшт и, веројатно, најраширен израз за производите од тој вид. Најчесто ќе речеме дека дрво или каква било друга површинаја „бојадисуваме“ или ја „пребојадисуваме“. Лошата страна на изразот боја е во тоа што истовремено може да значи и вид на поизвод, исто така и тон на боја. Луѓето често непревилно го употребуваме и изразот „лак“, односно „лакирање“, а во терминологијата на боите тој значи безбоен премаз, односно нанесување на безбоен премаз. „Намаз“ пак е израз што само по грешка ќе залута одвреме-навреме во подрачјето на бои и лакови. Веројатно поради неговата сличноста со изразот „премаз“.Намаз пак е нешто што може да се намачка со нож или со лажица, најчесто на леб.

Според тоа, поправилен е изразот „премаз“, што истовремено е и општ и се однесува на сите видови производи што производителите на бои и лакови ги нудиме. Од него произлегува и изразот „премачкување“, кој, всушност, синоним за изразите „бојадисување “ и „лакирање“,само затоа што поради горното објаснување е содржински посоодветен.

Прочитајте нешто повеќе и за други видови на премази, какви што се импрегнациите, лазурите и покривните бои.


За дрвото на кусо

Дрвото е природен, композитен материјал што е составен првенствено од целулоза, хемицелулоза и лигнин.

Има многу употребливи својства: освен тоашто е жилаво, цврсто и еластично, има природна убавина и е разновидно и може лесно да се обработува. Дрвото е трајно и има добри изолациони својства.

И покрај неговите многу добри својства, дрвото е ранливо на надворешни влијанија, чувствително е на УВ зраци (сонцето му ја менува бојата и ја разградува лигноцелулозата), на влага (предизвикува димензионални промени кај дрвото) и на биолошките штетници.

Со своите производи Белинка му нуди идеална заштита на дрвото од сите наброенивлијанија.


Што е импрегнација?

Импрегнација е премаз што содржи биоциди и со тоа спречува да се развијат штетници во дрвото.

Таа е поретка од површинскот премазa, зашто за неа е многу важно да се впие што подлабоко во дрвото и на тој начин темелно да го заштити дрвениот елемент од штетници.

Неопходно е да се употребиза сите дрвени елементи што се наоѓаат надвор или во влажни простории. Во Белинка имаме три различни импрегнации, а тие се Belles (со органски растворувачи), Impregnant (врз водна основа), Belbor fix.

Самата импрегнација не му осигурува на дрвото целосна заштита. Откога импрегнацијата ќе се нанесе,дрвото задолжително се премачкува уште и со површинскипремаз, што ќе го штити дрвото од временските влијанија.


Кои се разликите меѓу импрегнациите на Belles, Impregnant и Belbor fix?

Ситe импрегнации на Белинка содржат биоциди и се наменети за превентивна заштита на дрвото од дрвни штетници.

Подобро и подлабоко впивање на заштитното средство во дрвото овозможува и подобра заштита на дрвото. Дрвото што понатаму ќе биде изложено на временски влијанија, по импрегнирањето треба да се премачка со уште еден површински премаз.

Импрегнациските основни состојки на Belles ина Impregnant, освен биоцидите, содржат уште и смоли. Смолите ја хомогенизираатповршината на дрвото, затоа производите се идеална подлога за површински премази, особено лазурите. Го штитат дрвото од габички што предизвикуваат гниење на дрвото, од модри габички и од инсекти. И двата производа се безбојни, затоа не влијаат врз завршниот изглед на тонот на бојата на лазурата. Belles, обичајно, се употребува за заштита на дрвени површини со препарати што содржат органски растворувачи (Beltop или Belton). Кога пак сакате да го заштитите дрвото со водни лазури (Exterier), тогаш импрегнирајте го со Impregnant.

Belbor fix не содржи смоли, затоа тој може да се определи само како импрегнација. Неговата функција е заштита на дрвото на покривни конструкции од напад на дрвни инсекти, од габички што предизвикуваат гниење и модри габички. Активната компонента во Belbora fix добро се пробива во дрвото, по 24 часа се утврдува во него и не се плакне. Затоа, дрвото од покривната конструјција што е под стреа и не е изложено на влага или на неповолни временски влијанија ќе биде ефикасно заштитено само со Belbor fix. Деловите на покривот што се надвор на отворено и се изложени на временски влијани треба да се премачкаат уште и со лазура што содржи органски растворувачи (Belton или Beltop). Бидејќи Belbor fix е врз водна основа и не содржи смоли, ги крева дрвните влакна и нагласува нерамномено брусење на дрвото и поради тоа тој не е примерна подлога за лазури на видливи дрвени елементи – исклучот се само видливите делови на стреата. Производот е лесно обоен, што може да влијае и врз завршниот изглед на нијансата на лазурата.


Што се биоциди?

Биоциди се седства за уништување на штетни живи организми.

Се делат на фунгициди (заштита од габички, бактерии и од микрооргамизми) и инсектициди(заштита од инсекти во сите нивни степени на развој).

Групата производи на Белинка што содржат биоциди е наменета за превентивна заштита на дрвото (Belles, Impregnant, Belbor fix), а во случај кога дрвото веќе е нападнато од штетници и за негово лекување (Belocid, Fentin и Algid).

Биоцидите се посебни средства што обично се додаваат воимпрегнацијата. Тие се изработени така што да можат да се пробијат што подлабоко во дрвото и таму да дејствуваат со своите активни состојки – биоцидите. Во зависност од тоа за кој вид на штетник му е наменет одделен премаз, е избран и соодветниот вид на биоцид – инсектицид или фунгицид, односно комбинација од двата.


Што се површински премази?

Површинските премази го штитат дрвото од временски и механички влијанија, притоа истовремено и декоративно го бојадисуваат.

Ги делиме на лазури (што се полипроѕирни и овозможуваат структурата на дрвото да остане видлива) и покривни бoи (што целосно го покриваат дрвото).

img1461[1]
Види дрвени штици, кои бои во дупка (горе) и дрвени штици, кои бои на бојата на корицата (подолу).


Што се лазури?

Лазури се полупроѕирни површински премази, што ја чуваат видлива структурата на дрвото, гоштитат дрвото од временски и механички влијанија, истовремено и декоративно го бојадисуваат.

Го штитат, исто така, дрвото и од маснотии, обичајно се отпорни на благи средства за чистење и благи хемикалии. Едноставно се нанесуваат. Важни својства на лазурите се пареопропустливост и едноставно обновување. Лазурите на Белинка се: Belton, Beltop, Beltop uv plus, Interier и Exterier.

Кај лазурите е неопходно особено да се внимава на препорачаната потрошувачка на одделен производ, зашто само со придржување кон упатството за употреба на производот може да се очекува квалитена и долготрајна заштита на дрвото.

Првата година по вградувањето дрвото се приспособува кон микроклимата на околината, затоа тогаш тоа се развлекува и се собира – значи дека „дише“ со околината. По површината на премазот се создаваат мали, обично невидливи за окото процепи. Затоа е потребно една година по првото премачкување секое дрво што е изложено на временско влијание уште еднаш да се премачка со избраната лазура.


Начин на посветлување со illumina

Прва фаза: Подготвување на дрвото – четкање, брусење, чистење и отстранување на разлабавените делчиња дрво и остатоци од стари бои, по потреба и поправка на подлогата.

Втора фаза: Нанесување на премазот наБелинка Belles – illumina

Трета фаза: Бојадисување со избрана лазурна нијанса


Што се покривни бои или емајли?

Тоа сеповршинскитепремази што дрвото (или метал) декоративно го бојадисуваат и го штитат од временски и други неповолни влијанија.

Откога ќе се нанесат врз површината на дрвото, неговата структурата веќе не е видлива, зашто покривните бои целосно ја покриваат површината, но затоа со нив може да премачкате и понеквалитетно дрво. Покривните бои не се пареопропустливи и нивното обновување не е многу едноставно.

Обичајно се нанесуваат во комбинација со соодветна основа. Изборот на основната боја зависи од подлогата што јапремачкувате. Линијата на покривните бои на Белинка е наречена Exterier email.


И тогаш што да се употреби – импрегнација или површински премаз?

Правилниот одговор е – и двете! Импрегнацијата и површинските премази не се субститути туку се комплементарни премази, тоа значи дека се употребуваат заедно.

На секое дрво сигурно ќе му затреба некој вид на површински премаз (лазура или покривна боја), зашто или ќе биде изложено на механичко влијание (во внатрешна просторија), или на временки влијанија (надвор на отворено).

Освен површинскиот премаз, импрегнација може да се употреби и тогаш кога дрвото е изложено на временски влијанија, каква што е и влагата.


Зарем немате универзални производи (2 во 1), во кои се додадени биоциди и во површинскиот премаз?

Во Белинка строго ги одделивме импрегнациите од површинските премази.

Најнапред дрвото се импрегнира со редок премаз што длабоко се пробива во дрвото и на тој начин ефикасно го штити од дрвни штетници. Импрегнираното дрво потоа се премачкува уште и со површински премаз, за да го заштити дрвото од временски влијанија. На таков начин се создава непропустлив филм што овозможува биоцидите да дејствуваат токму таму каде што е потребно, без да ја оптоваруваат надворешната околината со своето дејство.

Кога би се употребиле универзални површински премази што содржат и биоциди што истовремено го штитат дрвото и од временски влијанија, тогаш биоцидите не би можеле во толкава мера да се впијат длабоко во дрвото, зашто истовремено тие би останале и по површината на дрвото. Тогаш корисникот би имал непосреден допир со нив, а и дрвото би било помалку заштитено од дрвни штетници. На тоа дејство треба особено да се предупредува тогаш кога таков премаз би се употребил за премачкување на дрво во простории за живеење, зашто таму, обично, никогаш не е ниту потребно да се употреби импрегнација.

Еколошки и нееколошки принцип на употреба на биоцидите
img1481[1]
Еколошки принцип                    нееколошки принцип


Разлики меѓу Belton и Beltop

својство Belton Beltop
употреба Фасадно дрво, огради, … …(помеки видови на дрво и димензиски помалку стабилно дрво) врати, прозорци, димезиски стабилно дрво што е многу изложено на временски влијанија
УВ заштита и временска издржливост добра (содржи УВ филтер и водоотпорни состојки) Многу добра (содржи и УВ апсорбери, восоци и ловци на слободни радикали)
сјај малку матов сјаен
вискозност поредок –потечен (добро се впива во дрвото) погуст – тиксотропен (не се слева)
препорачано количество при употреба за заштита надвор 10-12 m2дрво/1 l (обично во 3 слоја) 8-10 m2дрво/1 l (обично во 2 слоја)