Правила за заштита на лични податоци


 

Helios Group (во понатамошниот текст: Контролор, со контактни информации: Količevo 65, 1230 Domžale, Slovenia, е-пошта: [email protected] ја почитува приватноста на своите корисници и се обврзува со посебно внимание да ги заштити личните податоци добиени преку мрежните (online) формулари во согласност важечката законска регулатива.

 

На одредени места на нашата веб-страница, корисниците може доброволно да ни ги доверат своите лични податоци (име, адреса, е-пошта.) Ние, Helios Group, ќе ги користиме и зачуваме личните податоци до истекувањето на целта поради која сме ги добиле личните податоци или додека не се повлече согласноста за користење на истите. Со употреба на соодветни технички и организациски постапки за заштита на лични податоци, ние ќе спречиме неовластен пристап до или откривање на личните податоци.

 

Ако корисникот го исполнил формуларот за контакт на нашата веб-страница, дадените информации ќе бидат употребени само со цел за комуникација. За жал, ако корисникот не сака да ни даде контактни информации, нема да бидеме во можност да ги одговориме нивните прашања.

 

Во случај корисникот да се согласи да го добива нашиот билтен, ние ќе го испраќаме билтенот до нивната адреса за е-пошта до откажувањето на истата. Со кликнување на линкот Unsubscribe на дното на секој пристигнат билтен, корисникот може да се откаже од добивање на билтенот во секое време. Корисникот, исто така, може да се откаже од добивање на билтенот во кое било време преку праќање на е-пошта до: [email protected] со предмет: GDPR – Belinka – Macedonia.

 

Доколку корисникот се согласил за употреба на личните податоци за насочено рекламирање на Facebook или Google, корисникот му дозволува на Контролор да користи напредно насочување при рекламирање на интернет-медиумите. Ако корисникот сака да ја повлече согласноста за истото, тоа може да го направи во кое било време со промена на нагодувањата во наставката Колачиња (Cookies). Во тој случај, периодот на задржување трае до откажувањето на корисникот.

 

Ако корисникот го исполнил формуларот за регистрација на нашата веб-страница, дадените информации ќе бидат употребени само за увид и употреба на документи достапни за регистрирани корисници, и додека корисникот не ја откаже регистрацијата.

 

Helios Group повремено им доверува одредени задачи поврзани со обработката на стекнатите лични податоци на договорните партнери, со кои има договор за обработка на лични податоци. Овие партнери може да ги обработуваат податоците стекнати во име на Helios Group само за погоре наведените цели и во согласност со важечката законска регулатива. Во случаи кога Helios Group користи софтверски алатки или зачувува лични податоци на сервери надвор од Европската Унија за други цели, се раководи според стандардни договорни одредби како дел од договорот со давателот на тие услуги како заштитна мерка.

 

Корисникот може во кое било време да побара од Helios Group пристап до своите податоци и нивна корекција (и притоа да ја почитува границата на обработка), пренос на податоци (во случај на лична согласност или договор) или бришење на нивните лични податоци (ова не се однесува на податоците потребни за договорот, за траењето на неговата валидност). Корисникот може во кое било време да ја повлече дадената согласност за обработка на лични податоци или да одбие употреба на нивните лични податоци за насочено рекламирање. Корисникот може тоа да го направи со праќање на известување со предметна реченица/фраза: GDPR – Belinka – Macedonia на нашата адреса на е-пошта: [email protected] или по стандардна пошта на следната адреса: Količevo 65, 1230 Domžale, Slovenia. Повлекувањето на согласноста не влијае на легалноста на обработката на податоци што се извршила врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување. Исто така, секој корисник има право да поднесе жалба директно до Комесарот за информации ако смета дека обработката на неговите лични информации го прекршува важечкиот закон.