Историјата на Belinka

Почетоците на Belinka се во далечната 1948 година, кога во Словенија бил изграден првиот погон за производство на водороден пероксид. Со текот на годините, Belinka порасна се прошири и на странските пазари. Оригиналниот дел од Belinka, кој сé уште произведува пероксидни смеси, се нарекува Belinka Perkemija.

Во 1960-тите, успешното проширување на Belinka продолжи и во други полиња и сегменти на купувачи со производство на премази за дрво за општа употреба. Овој период се карактеризираше со продуктивен договор за лиценца со водечкиот производител на премази за дрво во тоа време ‒ данската компанија Sadolin. Во средината на 80-тите, Belinka започна со производство на премази за дрво, притоа користејќи сопствена технологија и под сопствено брендирано име. Компанијата која во денешно време произведува и продава премази за дрво Belinka се нарекува Helios TBLUS, d.o.o.

Во 2007 година, Belinka, а со тоа и Belinka Belles, стана член на Групацијата Helios. Како дел од Групацијата, во 2014 година стана дел од мнозинската сопственост на RIH Групацијата за премази. Во 2017, Kansai Paint која е една од десетте најголеми светски компании за премази, стана сопственик на целата Helios Групација.

До денес, Belinka има развиено бројни производи за сеопфатна заштита на дрво и за нагласување на неговата природна убавина. Располага со широк спектар на производи, наменети примарно за крајните корисници. Низ децениите на своето работење, Belinka стана синоним за заштита на дрво.